октомври 23, 2024

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Николоски ја потврди коалицијата! НЕ СДСМ, ТУКУ ДУИ Е ГЛАВЕН ПРОТИВНИК НА ВМРО-ДПМНЕ!
ТЕНЗИЈА МЕЃУ КИНА И ФИЛИПИНИ: Меѓусебни обвинувања за судири на два брода во Јужното Кинеско Море
МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА од 1993 година. Читајте и учете!!
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Нов тест на крвта може да открие рак на јајниците со голема точност
Скопје: Се топат 600 тони акумулаторски батерии, опасен отпад што ги труе граѓаните
Најнова одлука на Киев: Преместувањето на системите за противвоздушна одбрана на границата со оваа земја, не е на добро
Овие пијалоци се замена за кафето: Ќе ве разбудат исто толку добро, без штетно дејство
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод Денот на македонската револуционерна борба

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија.

Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.

Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети.

Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „23 октомври“. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Собраниска делегација, во состав Дарко Каевски и Велика Стојкова-Серафимовска, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Ввладина делегација составена од Роберт Алаѓозоски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK