септември 23, 2024

Изјавата на Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска за зголемена трговската размена меѓу Србија и Македонија од дури 20 отсто како  резултат на иницијативата Отворен Балкан, само ја потврди исклучително позитивната ситуација на терен- објави Локално.

За амбициозното придвижувањето во оваа насока сведочат и резултатите на нашите најголеми компании, кои за „Локално“ споделија бројки во однос на нивниот зголемен извоз. Така на пример, извозот на „Пекабеско“ во Србија  во 2022 година има количински раст од 27% и тоа благодарејќи на погодностите и олеснувањата  кои беа добиени со потпишување на договорот за полесен премин на границите во рамките на Отворен Балкан.„ Се олеснија царинските процедури , а робата веќе  не чека за ветеринарни анализи кога ќе се увезе во Република Србија туку веднаш се пласира на пазарот. Тоа ја зголеми продажбата во 2022 година, па оттука  очекуваме истиот тренд да продолжи во следната година“, вели Анатол Кутревски од компанијата „Пекабеско“.

The post Придобивки од „Отворен Балкан“: Камиони полни со роба од македонско производство го освојуваат српскиот пазар appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK