Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ денеска потпиша договор за набавка на нуклеарно гориво за блок пет со американската компанија „Вестингхаус“, соопшти службениот министер за енергетика на Бугарија Росен Христов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за една недела ќе биде потпишан договор за набавка на гориво за Шестиот блок со француската компанија „Фраматом“. Таа има лиценца за патроните за гориво на руската компанија ТВЕЛ, така што нема да има потреба од лиценца за работа во Бугарија.
Бугарскиот министер за енергетика додаде дека моделот на замена на руското нуклеарно гориво со американско и француско гориво што се користи во чешката нуклеарна централа Темелин го доставуваат истите две компании.
Народното собрание на Бугарија пред месец и половина одлучи да го забрза процесот за обезбедување алтернативен снабдувач со нуклеарно гориво за нејзината нуклеарна централа Козлодуј.
Следете не, не има насекаде