октомври 24, 2024

МВР пронајде нелегална лабораторија за производство на дрога во Скопје. Во голема полициска акција утринава при претрес на 4 локации во главниот град, приведени се четворица дилери на возраст од 27 до 43 години. Пронајдени се целокупна опрема за одгледување и близу 300 саксии со канабис, таблети екстази, кокаин, херион и еден пиштол.

– При извршен претрес на дом и други простории кај Б.А.(42) пронајдена е илегална лабораторија за одгледување и производство на марихуана, при што се пронајдени 289 саксии со засадени 291 растение cannabis sativa, заедно со целокупната опрема за одгледување и производство на марихуана, и тоа: ламби за затоплување и осветлување, филтри и црева за прочистување на воздухот, систем за напојување на енергија, вештачки ѓубрива, систем за наводнување и разни видови на алатки за одржување на лабораторијата. Во врска со пронајдените над два килограми амфетамин, таблети екстази и кокаин на 10.10.2023 во оградено место за отпад во Влае, полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје преземаа опсежни мерки и активности и по спроведена истрага врз основа на обезбедени докази, денеска (23.10.2023) извршен е претрес и во домот на Д.Т.(33). При претресот е пронајден пиштол, а Д.Т. е лишен од слобода, вели Сузана Прањиќ Талевска, портпаролка на МВР.

Против сите приведени лица ќе бидат поднесени и кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство.

The post МВР пронајде лабораторија за дрога во Скопје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK