Нето минималната плата за самци ќе изнесува 8.500 турски лири (455 долари) месечно, во однос на 5.500 лири (295 долари) претходно.
Турција ќе ја зголеми минималната плата за 54,5 отсто од 1 јануари 2023 година, објави претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Нето минималната плата за самци ќе изнесува 8.500 турски лири (455 долари) месечно, во однос на 5.500 лири (295 долари) претходно“, појасни Ердоган.
Според најновите податоци на Турскиот статистички институт (ТуркСтат), годишната стапка на инфлацијата во Турција во ноември е намалена за 1,2 отсто во однос на октомври идната година.
Ердоган рече дека е во процесот на одредување на минималната плата е посветено големо внимание на правата на работниците и работодавачите, укажувајќи на можноста за ревизија на оваа одлука и ново зголемување доколку за тоа се укаже потреба.
TRT Balkan Macedonia
Следете не, не има насекаде