јануари 1, 2025

Вкупно 75 отсто од Црногорците го поддржуваат членството на Црна Гора во ЕУ, додека 13 отсто се против, а 12 отсто немаат мислење за ова прашање, покажуваат резултатите од студијата на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), цитирани од агенцијата МИНА.

Според Андреа Мичановиќ од организацијата, доколку се одржи референдум за членство на Црна Гора во ЕУ, 85 отсто од граѓаните би гласале „за“, што покажува дека политичките превирања во земјата не се одразиле негативно на консензусот во кој правец треба да оди земјата.

Центарот за демократија и човекови права вчера во Подгорица пред медиумите ги презентираше резултатите од истражувањето.

Црна Гора ги започна преговорите за пристапување во ЕУ во 2012 година.

Според резултатите од истражувањето, 44 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за членството на Црна Гора во НАТО, 40 отсто од нив имаат спротивно мислење, а 16 немаат мислење за ова прашање.

Граѓаните имаат најголема доверба во образовниот систем (62 отсто), полицијата (55 отсто), Делегацијата на ЕУ (54,6 отсто) и Српската православна црква (54 отсто).

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ ќе освои 27,7 отсто од гласовите, а „Европа сега“ – 15,2 отсто.

Анкетата покажа дека 31,8 отсто од граѓаните предвремените избори ги гледаат како решение за политичката криза, а 21,4 отсто сметаат дека решението е во организирање на парламентарните избори истовремено со претседателските избори во мај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK