октомври 24, 2024

Анди Исмаили ги одушеви сите присутни на „Суперталент“ во Хрватска.
14-годишниот танчар од Гостивар доби златно копче од Мартина Томчиќ и си обезбеди пласман во полуфиналињата на натпреварот за таленти.

За време на своето претставување, светскиот шампион во современи танци откри дека бил константно исмејуван поради изборот да стане танчар, но дека токму поради тоа тој денес е посилна личност.

„Во мојот град многу ме малтретираат. Тоа се случува секојдневно, 24/7. Кога луѓето ќе видат машки танчар, тоа им е нешто невообичаено. Затоа не сум изненаден. Еднаш ми се случи доста трауматично нешто. Една наставничка ми рече нешто многу навредливо. Кога еден тинејџер ќе слушне нешто такво, тоа веднаш му ја уништува самодовербата. Разбирам тоа да доаѓа од учениците. Да си малтретиран е фаза, тоа е нешто низ што сите минуваме. Но, од возрасна жена, не мислам дека е во ред.“

„Ме направи посилен. Поради тоа сум подобра и посилна верзија од себе“ – рекол талентираниот гостиварец.

Целосно видео погледнете тука.

 

The post „Многу ме малтретираат во мојот град“: 14-годишно исмејувано момче од Гостивар одушеви на „Суперталент“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK