октомври 24, 2024

На социјалната мрежа Тик-ток се појавија нови смртни закани за Раде Трајковски – Штекли, кој се наоѓа на интензивна нега, откако неодамна врз него пукаше непознат сторител, а таквиот напад беше и претходно најавен на социјалните мрежи.

„Раде прв пат се спаси. Втор пат… ако останеш за трет пат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, се наведува во заканата од скопското подземје.

Пред неколку дена во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“ беше пуканио во две лица. Според медиумите тоа беа лицето познат како Штекли и во неговиот помлад соработник со прекар Колумбо. Двајцата во тешка состојба беа пренесени во Клиничкиот центар, но оттаму подоцна соопштија дека се надвор од животна опасност.

Тоа беше втор напад врз Раде Трајковски, откако во август во истиот мол беше пукано кон него.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK