„Европа треба да добие поголема автономија во технологијата и одбранбените способности, вклучително и од САД“
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека европските земји треба да бидат поодлучни во НАТО и треба да го намалат нивното „потпирање на САД“.
Говорејќи пред новинарите во францускиот претседателски авион при враќањето од меѓународниот Самит во Аман, Јордан, Макрон рече дека не го гледа неговиот притисок за развивање на европската одбрана како алтернатива за НАТО, јави „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal).
Макрон нагласи дека посилна Европа ќе му овозможи на континентот да стане поавтономен во воената Алијанса, дејствувајќи „во НАТО, со НАТО, но исто така, да не зависи од НАТО“.
„Сојузот не е нешто од кое треба да зависам. Тоа е нешто што треба да го изберам, нешто со кое работам“, изјави Макрон за весникот. „Мораме да ја преиспитаме нашата стратешка автономија.“
„Европа треба да добие поголема автономија во технологијата и одбранбените способности, вклучително и од САД“, рече тој.
Неговите изјави дојдоа по средбата на украинскиот претседател Владимир Зеленски со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон и обраќањето пред Конгресот, кадешто тој се заблагодари за финансиската помош на САД, а за парите од САД рече дека не се милостина, туку инвестиција.
Претходно Бајден најави пакет воена помош за Украина од 1,85 милијарди долари.
Следете не, не има насекаде