октомври 24, 2024

Жителите на општина Дебрца крајно разочарани од директорот на ЈКП Димче Андрески.

Активисти самоиницијативно доаѓаат и го чистат ѓубрето во атарот на село Требеништа- поточно покрај брегот на Требенишкото езеро, и покрај што тоа е надлежност на јавното комунално претпријатие, да се исчистат сите отпадоци да се отстранат дивите депонии, но за директорот очигледно е најважна платата што ја зема од народот.

Добро знаеме сите дека водата нема ни вкус ни мирис но во селото Горенци не важи тоа правило- водата има вкус и мирис-ама на рѓа !!!!
Доколку му пишете на директорот Г-динот Адреески зошто е тоа така ќе бидете блокирани на Фејсбук, а доколку го побарате на мобилниот телефон од таму ќе се вклучи секретарката кажуваќи дека телефонскиот број не постои, а тоа е така бидеќи директорот има навика често да ги менува тел бројчиња.

Дали директорот бега од граѓаните од кои зема плата!!?!?
Но тоа не е се: Децата од С.Требеништа, Волино, Горенци, Оровник секојднево си го ризикуваат животот поминуваќи низ огромни кратери кои седат така повеќе од една година, а се во непосредна близина на основното училиште. Во истите тие кратери неодамна пропадна автомобил и моторциклист, но тоа не е доволно според директорот за да се затворат тие дупки или да се поднесе писмено барање до Министерството за образование и наука па заеднички да се погрижиат за учениците кои секојдневно поминуваат од тука !!!!!

Но што велат активистите кои го чистат ѓубрето за директорот и за луѓето кои го остваат ѓубрето покрај оваа недопрена природа:

Со денови, чисто од љубов кон природата и сета Божја творба, чистиш отпад таложен со години на ова местенце. Еден куп посетители и жители во блиското селце наминуваат тука, речиси никој не се нафатил да зачистит, напротив, како што јадат и пијаат тука сиот отпад го оставаат. Таложена пластика, лименки, шишиња и конзерви, сред оваа распослана убавинка која од година во година полека се уништува. Жално тоа за нам говори.
Како што жално говори тоа што со денови се молиме со надлежниот за овој реон да пратит камионче да го кренат уредно собраниот отпад, откако претходно неколку тури ги пикнав в гепек и исфрлив во контињер. Аххх…
Да бевме асолна држава овој предел заштитен со закон ќе беше, чуварска служба ќе имаше редовно, а и селото ќе можеше да живее од туризам и порибување на езерото за рекративен риболов со дозволи. Вака и она малку риба што остана пустош го направија, порано со динамити, сега со мрежи и остали варварски методи. Еднаш пријавив криволов, почнаа да префрлаат одговорности наместо одма да постапат, јасно ми постана колку е сатот.
Горе се вишнее црквичка посветена на св. Петка. Да ја ништееш оваа убавинка, да ништееш рибен фонд во ова мало езерце, на еден начин е обид да го ништееш и Бога. И Господ од нас еден ден раце ќе кренит какви никакви тоа постанавме. А малку треба за да и ко народ и ко земја нѐ бидит, сосем малку – да бидеме луѓе, а не бедници и скотови.

 

The post Жителите на општина Дебрца крајно разочарани од директорот на ЈКП !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK