октомври 24, 2024

Високите температури во Рим придонесоа за зголемување на популацијата на стршлени во тој град, кои често ги напаѓаат жителите и туристите во италијанската престолнина.

Градот Рим го повикал зоолог Андреа Лунерти, експерт за стршлени, за да ги отстрани бројните гнезда што овие инсекти ги направиле низ градот.

НОВ НЕГАТИВЕН РЕКОРД? Возот од Скопје до Неготино патувал 6 часа
СТИСКАЊЕ кај Авдеевка! Погледнете ја бруталната акција на руските тенкови и дронови (ВИДЕО)
ИНВАЗИЈА НА СТРШЛЕНИ: Напаѓаат туристи во Рим, гнездата им се огромни и имаат по 1.000 инсекти, а ги привлекле ДВЕ РАБОТИ
ДИСПЕЧЕР ЗА ИТНА ПОМОШ ЗАНЕМЕЛ ПО ПОВИК НА МОМЧЕТО: Само што ја убив мајка ми, имам нож и пиштол, крв има низ целата куќа
ЗАПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН – На состаноците во Малта присуствуваат 65 официјални претставници, но не и Русија
Откриено е кој е милионерот кој ја крена Хрватска на нозе: Слетал со хеликоптер без најава, па извадил пушка и тргнал на лов
Ердоган на милионскиот митинг за Палестина: Масакрот во Газа е целосно дело на Западот
Светот брзо се вооружува: Објавен списокот на земји кои најмногу инвестираат во арсеналот, првите пет потрошиле повеќе од 1.400 милијарди долари (фото)
СЗО СО ИТНО СООПШТЕНИЕ – “Предупредувањето на Израел е длабоко вознемирувачко“

Во моментов добивам многу повици, од сите страни. Луѓето ги гледаат овие големи инсекти како летаат наоколу, а нивните гнезда се огромни, понекогаш има од 700 до 1.000 единки – изјави Лунерти, а пренесува Гардијан.

Неодамна, Лунерти добил повик од домот на една постара госпоѓа која се вратила од одмор во Сардинија и открила дека 800 ориентални стршлени изградиле гнездо во нејзината бања.

Минатата недела, чистач на прозорци на возраст од околу 50 години паднал од скеле и починал откако бил нападнат од рој стршлени.

Освен екстремно топлото време за овој период од годината, Лунерти за наездата на стршлените ги обвинува и купиштата ѓубре во Рим.

Тој вели дека овие два елементи создаваат идеални услови за ширење на инсектите во урбаните средини.

– Рим е многу валкан град, контејнерите се насекаде отворени – рече Лунерти.

Ориенталните стршлени се присутни и во некои делови на јужна Италија, особено во пристанишните градови како Неапол.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK