октомври 24, 2024

За вашиот денешен ручек подгответе го овој едноставен рецепт за лосос и поминете помалку време во кујната, а повеќе во одмор и забава.

Состојки:

(за 4 лица)

– 4 поголеми филети лосос (600-800 g)

– 2 лажици маслиново масло

– 2-3 лажички сув билен зачин

– 1,5 лажици сенф

– 2 лажици мед

Подготовка:

Филетите лосос ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Премачкајте го со маслиново масло и посипете со суви билки.

Во помал сад измешајте ги сенфот и медот и премачкајте ги врз лососот. Се пече во рерна загреана на 250 степени околу 10-15 минути.

Послужете со салата по ваш избор.

Совет:

Наместо мед, можете да користите кафеав шеќер или јаворов сируп.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK