октомври 25, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Мароко, кој е осомничен дека сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 од Кривичниот законик.
На 28 октомври осомничениот нападнал полициски службеник кој постапувал по наредба за вршење патролна служба. Полицаецот, заедно со двајца словачки полициски службеници од Фронтекс, добил известување дека на бензинска пумпа на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје, непознато лице – мигрант се качил на товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки.

Тие отишле на бензинската пумпа, каде што шоферот на камионот им потврдил дека во неговото возило се качил мигрант, кој одбива да се симне. Полицајците му дале наредба да се симне од возилото, но осомничениот, движејќи се по покривот, се префрлил на предниот дел од возилото, од каде што скокнал и почнал да бега“, соопшти Обвинителството.

Македонскиот полициски службеник тргнал по него и го фатил, но осомничениот почнал да дава активен отпор, му ја фатил десната рака на полицаецот и почнал да му ги витка прстите. На тој начин му задал повреда – фрактура на прстот, со дислокација на фрагментите. Во тој момент на помош дошле колегите и заедно го совладале осомничениот.

The post Мароканец нападнал полицаец кај Гевгелија – Му го скршил прстот appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK