декември 5, 2025

Многу порано требаше да сфатиме како политички се решаваат некои работи. Вака вечерва во интервју за 360 степени одговори Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован на прашањето дали Преспанскиот договор ги отвори вратите за признавање на македонската православна црква.

„Што губи денеска нашата држава, Република Северна Македонија што се вика со тоа име, што не е јужна Македонија или горна или целосно интегрално само Македонија. Таа никогаш не може да ја има територијата на целосна Макеоднија како во римското царство. Реално ова е дел на Северна Македонија или како порано што се викало на Горна Македонија“, изјави Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.

На прашањето дали договорот од Преспа ја поттикна вселенската патријаршија да одлучи да ја прими во канонско единство македонската православна црква односно Охридската Архепископија. Митрополитот крушевско-демирхисарски потсетува на период по Илинденското востание во 1904 година „во Елада настанува борба за Македонија и таа трае до 1908 година. И тогаш многу слушнале за Павлос, Мелас, капетан Кота. Тогаш се тие борби и тие дале крв да го освојат тој дел“.

„Требаше многу порано да не прогласат, дека немаме право на терминот Македонија. Дел секако, по територија секако ова е Северна Македонија, никој не може да приговори дека ова не е Северна Македонија, но цела Македонија како што има некој иредентистички погледи од политичарите кај нас… Јас се сеќавам дека ВМРО на почетокот кога велеше идниот конгрес во Солун ќе биди…“, изјави Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.

The post Митрополит крушевско-демирхисарски: Немаме право на терминот Македонија, што губиме сега што се викаме Северна Македонија? appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK