октомври 25, 2024

Видео направено за време на снимањето на легендарната сцена од „Пријатели“ стана вирално по смртта на Метју Пери. Станува збор за сцената кога Рос (Дејвид Швимер), Чендлер (Метју Пери) и Рејчел (Џенифер Анистон) го преместуваат каучот во новиот стан на Рос.

На видеото Пери гласно се смее со колегите на сетот. Видеото трогна многу од неговите обожаватели.

The only thing funnier than the famously hilarious pivot scene is the blooper take of the famously hilarious pivot scene

Matthew Perry was the best Friend of them all#RIP #MatthewPerry #ChandlerBing pic.twitter.com/t5rbqt2Ahl

— Brooke (@wareagleblonde) October 29, 2023

„До овој момент не сум плачел“, „Ти благодарам што го сподели ова. Метју, ти благодарам за сета смеа“, „Убаво е да го гледаш вака како се смее“, се само дел од коментарите.

Метју Пери беше пронајден мртов во џакузито во неговиот дом во саботата. Имаше 54 години. Истрагата за смртта се уште е во тек. Канцеларијата на медицинскиот преглед во округот Лос Анџелес потврди дека обдукцијата е завршена и се чека токсиколошки извештај. Резултатите од тој извештај се очекуваат за неколку недели. Надвор од зградата на улицата Бедфорд 90, која во серијата ја претставуваше зградата во која живееја Пријатели, обожавателите оставаат цвеќиња, фотографии и пораки за покојниот актер.

Текстот (Видео) Пријателите без престан се смеат на сетот додека ја снимаат легендарната сцена – видеото стана вирално по смртта на Пери е превземен од МАКФАКС.

The post (Видео) Пријателите без престан се смеат на сетот додека ја снимаат легендарната сцена – видеото стана вирално по смртта на Пери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK