ноември 22, 2024

Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација и актуелен извршен директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски беше гостин во„Лазаров подкаст“ каде отворено збореше за многу работи меѓу кои почетоците на неговата меѓународна кариера, несогласувањата со Кире Лазаров и Перо Антиќ.

Ристовски меѓународната кариера ја започнал од Шпанија каде раскажа интересна анегдота која вреди да се чуе.

Меѓу другото Ристовски откри зошто повеќе не разговараат со Кире Лазров, а на Перо Антиќ му испрати сериозна порака.

-Како спортист е едно, никој не го оспорува неговиот квалитет, секоја чест… меѓутоа како функционер кој што е претседател на КФМ, мислам дека апсолутно е никаков пример за младото општество во Македонија. Гледам дека сега пробува нешто да биде патриот, да пушта на сите натпревари македонска химна мислејќи дека тоа ќе го спаси од тоа што доаѓа, апсолутно напоменувам дека тоа нема да го спаси, затоа што тоај е првиот функционер кој што го смени името на КФМ, од Кошаркарска федерација на Македонија во Кошаркарска федерација на Северна Македонија… никакви пуштања на химна сега на кошаркарски натпревари нема да го спаси сега од една дебела и тешка и обемна ревизија КФМ, му порача Борко Ристовски на Перо Антиќ.

Тој во „Лазаров подкаст“ ги кажа плановите за иднината на РК Вардар, активирањето во политичка партија…

Повеќе погледнете на слединиот линк:

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK