октомври 25, 2024

Актерката Емра Куртишова стана мајка. Таа денес се породи со ќерката Лена, a веста ја сподели на социјалните мрежи. ” Добредојде Лена, те сакаме до месечината и назад“, вели Емра.

Актерката Емра Куртишова, која публиката ја засака како Исаура, од хит серијата Преспав, пред неколку месеци се омажи за актерот Петар Стојанов, кој и е колега од Театарот за деца и младинци. Интересна е и нивната љубовна прикзана, која неодамна ни ја раскажа.
Искрено да ти кажам, љубовта почна необично и неочекувано. Во 2018 имаше аудиција за вработување на нови актери во Театарот за деца и младинци. По некоја случајност јас бев дел од жирито и тогаш прв пат го видов Петар. Кога излезе на сцената, си помислив ’види што убав е дечково хаха‘. Морам да признаам дека му личеше сцената и имаше потенцијал за да се вработи и стане дел од театарот. Така и бидна“, ни рече тогаш актерката Куртишова-Стојанова и додава: Нашиот прв заеднички процес во театарот беше претставата „Едвард раце ножици“ каде почнаа првите љубовни искри, ама од негова страна, а јас ’се држев бев ’како незаинтересирана. Тој момент не траеше долго, не можев да му одолеам и се случи љубов. Почнавме да живееме заедно и сфативме дека добро ни оди, па решивме да се земеме“, ни рече Емра неодамна во интревју за Репортер.

The post Се породи Исаура од Преспав – бебето доби традиционално македонско име appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK