октомври 25, 2024

Халит Ергенч во Турција е прогласен за голем заводник и љубовник, а од таа неславна титула не може да се ослободи ниту сега, кога упорно се труди да биде примерен сопруг

Халит Ергенч има 53 години и во Турција важи за голем женкар и заводник. Со години е во брак со втората сопруга, а начинот на кој се оженил со неа оставил во неверување многумина. Имено, Халит бил среќно оженет и го очекувал своето прво дете со 13 години помладата сопруга Гизем, а потоа се заљубил во колешката со која работел.

Бергузар Корел тогаш имала само 23 години и „паднала“ на шармот на 12 години постариот Халит,

Во 2008 година овој пар заминал во Парис како би снимале нов проект и таму се распламтиле страстите. Тие се заљубиле толку многу еден во друг, што Бергузар одлучила да го остави своето момче, а Халит бремената сопруга.

Бидејќи Халит јасно ѝ соопштил дека е вљубен во друга, Гизем одлучила да ја прекине бременоста. Се шпекулирало дека тој не ја спречил, туку понудил да ѝ плати значителна сума пари и на тој начин да стави крај на бракот и љубовната приказна со првата сопруга.

Меѓутоа, кога се оженил со Бергузар, неговиот живот не се претворил наеднаш во бајка.

Со оглед на тоа што во родната Турција го следи гласот на голем женкар, медиумите го поврзувале со разни актерки, а Халит најголемата криза во новиот брак ја доживеал на снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“, кога сите биле уверени дека тој е вљубен во Мерјем Узерли, која ја глумела Хурем.

Во тоа време Бергузар доаѓала на снимањата како би го контролирала својот сопруг, а Халит признал дека морале да одат и кај брачен терапевт на советување.

Сепак, по сè изгледа дека двајцата ги надминале сите препреки бидејќи од 2010 година имаат три деца и повеќе не се споменува развод.

Но, турските медиуми почнуваат да „шушкаат“ дека сега Бергузар има тајна симпатија и како е многу блиска со колегата со кој ја снима новата серија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK