октомври 25, 2024

Јавното претпријатие „Лајка“ објави свирепа и страшна приказна за животот на едно куче од расата германски овчар за кое сопственикот повеќе не сакал да се грижи, па во два наврата го оставил на разни локации.

„Лајка“, по пријава на граѓани, првично налетала на кучето на 18 октомври во општината Аеродром затекнувајќи го напуштено и без сопственик. По стандардната проверка, се утврдило дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден, на 19 октомври, кучето било преземено од сопственикот, кој си платил за заловувањето во согласност со правилникот за работа на ЈП „Лајка“.

Сепак, сагата на ова куче не завршува тука. Минатата недела, по пријава од граѓани дека има заробено куче во напуштена фабрика во населбата Автокоманда, екипите веднаш постапиле по пријавата. Кога пристигнале на посочената локација, го нашле истиот германски овчар, напуштен и врзан во фабриката.

„Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и само влезе во нашето комбе“, велат од „Лајка“.

Овој пат кучето останува со нив до негово удомување, а случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство и ќе биде поведена кривична постапка за мачење животни до сопственикот на ова куче во согласност со член 233 од Кривичниот законик.

Од „Лајка“ велат дека состојбата на кучето не е најдобра, но се надеваат дека набргу ќе биде добро и ќе биде објавено за удомување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK