октомври 25, 2024

Раде Трајковски – Штекли кој минатиот вторник беше застрелан во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје, ќе биде пуштен на домашно лекување.

На социјалните мрежи кружи фотографија од ранетиот Трајковски на која, и покрај видливите преврски, тој позира насмеан. Фотографијата е направена во болничкиот кревет каде Штекли заврши по неодамнешниот втор обид за негова ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт“.

Инцидентот во „Ист Гејт“ се случи на 24 октомври, а кон него и кон неговиот познаник пукаше засега непознат напаѓач кој се уште е недостапен на органите на прогонот.

Раде Трајковски – Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази и тој не беше обвинет

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK