октомври 25, 2024

Откако во медиумите се појави информација за тепачка во ноќен клуб во Скопје во која „актери“ биле двајца бивши партнери на манекенката Катарина Ивановска, извесен Цобе и кошаркарот Перо Антиќ, екс-репрезентативецот на Македонија ги демантираше овие информации.

– Има камери, нека се види дали имало тепачка. Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани. Ниту ме избркал некој од клуб ниту ќе може да ме избрка, тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веќе никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот – вели Антиќ за ММС

Претходно порталот 24Инфо пренесе дека се случил инцидент во еден скопски локал меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина, и Перо Антиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK