мај 8, 2026

Баерн Минхен повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола. Според „Скај Спорт Германија“, спортскиот директор Макс Еберл се распрашувал за можноста евентуалниот трансфер да се случи во летниот преоден рок, но одговорот од Париз наводно бил разочарувачки.

ПСЖ бара обештетување до 90 милиони евра за својот играч, износ што германскиот шампион не може или не сака да го плати. Баерн и неколку други европски гиганти беа заинтересирани за Баркола и минатото лето, но ПСЖ ја одби продажбата, а Баварците се свртеа кон Луис Дијаз, кого го доведоа од Ливерпул за 70 милиони евра, што се покажа како одличен потег.

И покрај успешниот трансфер на Дијаз, извештаите сугерираат дека клубот од Минхен сè уште бара разновиден напаѓач. Од друга страна, 23-годишниот Баркола наводно е многу незадоволен од својата улога во Париз, каде што најчесто е резерва.

Така беше и во полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн, каде во двата натпревари доби шанса во последните 15-тина минути.

Иако неговиот договор е со важност до 2028 година, па ПСЖ не е под притисок да го продаде, упорноста на играчот би можела да ја промени ситуацијата. Се вели дека пред неколку месеци тој го одбил понуденото продолжување на договорот.

Во контекст на потрагата по засилувања, Баерн се поврзува со крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон, кој наводно сака да го напушти „Сент Џејмс Парк“ и би можел да се вклопи во нападот зад Хари Кејн.

Сепак, според „Атлетик“, внатрешна цел број еден за Баварците е Јан Диоманде од РБ Лајпциг.

Што се однесува до Баркола, Баерн не е единствениот што е заинтересиран. „Скај Спорт“ наведува дека го следат неколку врвни клубови и дека неговите менаџери се во преговори со Барселона, Ливерпул и Арсенал. Арсенал наводно најмногу инсистира на трансферот.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Баерн заинтересиран за Баркола – Цената е 90 милиони евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK