октомври 25, 2024

Внуката на Јосип Броз Тито објави фотографија со родителите. Нејзиниот татко, Александар Мишо Броз, најмладиот син на Тито, веќе има 82 години.

Александар Мишо Броз, синот на Јосип Броз Тито, по завршувањето на дипломатската кариера ретко се појавува во јавноста. Неговата ќерка Саша Броз, внуката на Тито, неодамна објави фотографија на која и се придружија 82-годишниот татко Мишо и 81-годишната мајка Мира.

Под фотографијата од ресторанот напишала „двајцата се се“, и додала дека е горда на своето семејство и благодарна за тоа.

Саша Броз (54), театарски режисер, пред извесно време за хрватскиот магазин Глорија изјави дека нејзините родители имале најголемо влијание врз тоа како таа се обликувала како личност.

„Човек мора да знае како да се води низ годините, но семејството е секогаш тука за да ви го чува грбот“, рече Саша.

Александар Мишо Броз е роден од бракот на Тито со неговата втора сопруга, Херта Хас. Како и неговиот татко и тој се впуштил во политиката, но и економијата. Во 80-тите и 90-тите бил на највисока позиција во енергетската компанија „INA“.

По осамостојувањето на Хрватска, на препорака на тогашниот претседател Фрањо Туѓман, станал прв советник на хрватскиот министер за надворешни работи. Потоа работел како советник министер во хрватската амбасада во Русија и Египет и како хрватски амбасадор во Индонезија.

Текстот Објавена фотографија од синот на Тито, по завршувањето на кариерата, ретко се појавува во јавноста е превземен од МАКФАКС.

The post Објавена фотографија од синот на Тито, по завршувањето на кариерата, ретко се појавува во јавноста appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK