ноември 22, 2024

Во март оваа година семејството на Брус Вилис на социјалните мрежи објави дека актерот боледува од афазија, а од тогаш неговата состојба значително се влошила.

Во март семејството на американскиот актер Брус Вилис откри дека тој боледува од афазија која влијае на неговиот говор и затоа се повлече од актерската сцена.

Сега семејството го користи секој можен момент со него бидејќи психичката состојба му се влошува.

Извор открива дека неговата поранешна сопруга, актерката Деми Мур е во постојан контакт со него и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг.

„Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако тој не е таму, таа му се јавува на телефон само за Брус да може да и го слушне гласот”, додал изворот за Дејли Мејл.

Тој во моментов како и секоја година ги поминува празниците во Ајдахо со семејството, а изворот тврди дека тоа отсекогаш било посебно годишно време за нив.

„Семејните традиции што ги сакаа продолжуваат, како забави со пижами и ноќи со игри“, вели изворот, кој верува дека Мур и Хеминг се зближиле уште повеќе бидејќи заедно му помагаат.

„Брус не може многу да зборува и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, па Ема навистина му беше гласот за комуникација. Има денови кога гледаат делови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Тој изгледа дека се повеќе и повеќе им се измолкнува и тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостасува стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше несакани совети“, вели близок извор. Тој додава дека семејството се надева на чудо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK