Мега беше дом на голем број западни трговски синџири пред заминувањето на компаниите од Русија по почетокот на конфликтот во Украина, вклучително и ИКЕА
Руските служби за итни случаи се сомневаат дека „криминален чин“ е причина за големиот пожар што во петокот вечерта избувна во трговски центар во предградијето на Москва, пренесоа руските агенции.
„Пожарникарите гаснат пожар на површина од 7.000 метри квадратни во околината на Москва“, објави на Твитер рускиот министер за вонредни ситуации.
Пожарот избувна во трговскиот центар Мега Химки, во предградието на Химки, северно од главниот град на Русија.
Руските служби за итни случаи се сомневаат дека пожарот е подметнат пожар, објавија набргу руските новински агенции, повикувајќи се на извори од службата за итни случаи.
„Сметаме дека ова беше планирано, дека пожарот е подметнат“, објави новинската агенција Интерфакс, цитирајќи неименуван извор.
Агенцијата Спутник додава дека кривичното дело е „меѓу главните можни причинители“ за пожарот.
Видеата објавени на социјалните мрежи го покажуваат пожарот додека луѓето бегаат од зградата кон паркингот.
Мега беше дом на голем број западни трговски синџири пред заминувањето на компанијата од Русија по почетокот на конфликтот во Украина, вклучително и една од првите продавници на ИКЕА во московскиот регион.
Следете не, не има насекаде