октомври 26, 2024

За поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има потерница да се врати во Македонија, и тој треба да се врати, но за да се соочи со правдата, согласно македонските закони, и согласно со пресудите од независните правосудни органи, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

КОВАЧЕВСКИ ЗА ЗАЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Секој член на СДСМ, кој ги исполнува критериумите, може да биде кандидат
ЦРНА СТАТИСТИКА ОД ПОЈАСОТ ГАЗА – Објавен најновиот извештај за бројот на жртви: “Повеќе од 4.000 деца го загубија животот“
ЈАДЕТЕ премногу кога сте под СТРЕС? Задолжително проверете ја КРВНАТА СЛИКА и овој параметар
Погледнете како изгледа постариот брат на Кристијано Роналдо: Го спасил кога му било најтешко
ВИДЕО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ – Професорка влегла во училницата и ги затекнала учениците како се “тепаат“, а потоа тие и приредиле вистинско изненадување, погледнете!
Неверојатна кражба во Англија: Група мажи упаднале во палатата Бленхајм – украле вц шолја вредна 4,8 милиони!
Не ја фрлајте кората од бананата, таа е одлично ѓубриво, а ја штити кожата од псоријаза, ги избелува забите
Ќе се наполниме со Африканци, Абилекај: Придобивката на Албанија со имигрантите е нула
Пател: За САД е апсолутно неприфатлив коментарот на израелскиот министер за нуклеарен напад врз Газа

На новинарско прашање дали се соочува со притисоци за враќање на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов со цел да се создадат услови за враќање на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и за ова прашање разговарал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, Ковачевски рече дека немал состанок со поранешниот премиер Заев, ниту со Зечевиќ.

-Прво не сум имал состанок со поранешниот претседател на СДСМ. По состанокот којшто го имавме на телото за стратегија во СДСМ, каде што членуваат поранешни претседатели, секретари итн., ниту пак сме имале состанок заедно со генералниот секретар, рече Ковачевски.

За него, рече, не е актуелна тема враќањето на Груевски

-Во однос на актуелната тема која што за мене не е ни актуелна, во однос на враќање на поранешниот претседател на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека тоа е депласирана тема од аспект на тоа што прво за него има потерница да се врати во Македонија, и тој треба да се врати. Меѓутоа треба да се врати за да се соочи со правдата, согласно македонските закони, и согласно со она коешто е донесено од независните правосудни органи, рече Ковачевски.

За комуникација со судските правосудните органи, премиерот рече дека нема никаква комуникација и оти смета дека тие треба да работат независно.

-Јас сум кажал еднаш и ќе повторам уште еднаш, јас немам никаква комуникација со правосудните органи, бидејќи сметам дека тие треба да работат независно. Тоа може да ви го каже било кој судија, обвинител, раководител во судските инстанци, освен ако се сретнеме на некој настан каде што нормално дека ќе се поздравите со оглед на тоа дека претставувате различни власти во државата. И затоа сметам дека сите овие теми се интересни за слушање и читање, меѓутоа сметам дека нема основа за да тие бидат реална политичка дебата во државата, вели премиерот Ковачевски.

Прашан дали поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев се спрема за кандидат за претседател, Ковачевски рече дека во партијата има дефинирана процедура во однос на кандидирање претседателски кандидати.

-Секој член на партијата, којшто ги исполнува критериумите, а тие се наведени и во Статутот и во правилниците коишто важат во партијата може да биде кандидиран или да се самокандидира што се случувало во партијата во минатото, а потоа низ дебата од месните организации преку општинските организации до раководството, Извршниот Одбор и ЦО, се носи одлука за тоа кој ќе биде претседателски кандидат на партијата, се разбира претседателски кандидат на коалицијата која што ќе настапи на изборите. Процесот се уште не е започнат, меѓутоа сите кандидати имаат еднакви шанси во, би рекол, тој натпревар, да ја добијат честа да бидат претседателски кандидат на СДСМ, вели Ковачевски.

Во однос на појавувањето во јавност на Заев, премиерот Ковачевски, не гледа причина зошто некој не би се појавил во јавност, а пред тоа да извршувал високи државни и партиски функции и смета дека тоа е позитивно, бидејќи сепак тоа се луѓе коишто имаат искуство и знаење, кое може да го споделат со политичарите, со деловната заедница, па и со граѓаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK