октомври 26, 2024

Рестораните во комплексот на турскиот Парламент нема да нудат производи од компании кои го поддржуваат Израел, јави турскиот весник „Созџу“.

Инструкциите за бојкот ги даде претседателот на Меџлисот, Нуман Куртулмуш.

ЕУ утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија?!
Мистична планина на Тибет на која никој не се искачил!
„Ќе го сменеше текот на шоуто“: Пери побара оваа сцена да биде исечена од „Пријатели“
Турскиот Парламент најави бојкот на производите на компаниите кои го поддржуваат Израел
Вечерва секој треба да биде во својот дом: Утре е Митровден, ова се верувањата
КОВАЧЕВСКИ ЗА ЗАЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Секој член на СДСМ, кој ги исполнува критериумите, може да биде кандидат
ЦРНА СТАТИСТИКА ОД ПОЈАСОТ ГАЗА – Објавен најновиот извештај за бројот на жртви: “Повеќе од 4.000 деца го загубија животот“
ЈАДЕТЕ премногу кога сте под СТРЕС? Задолжително проверете ја КРВНАТА СЛИКА и овој параметар
Погледнете како изгледа постариот брат на Кристијано Роналдо: Го спасил кога му било најтешко

Во соопштението објавено од претседателството на Големото национално собрание на Турција се вели дека Парламентот одлучил да ја поддржи „општествената чувствителност кон бојкот на производите и стоките на компаниите кои отворено ја декларираат својата поддршка за воените злосторства на Израел, кој убива невини луѓе во Газа“.

Како што се истакнува, по налог на претседателот на Собранието Куртулмуш, производите на ваквите компании нема да се продаваат во рестораните, кафулињата и чајџилниците во комплексот на Собранието.

Во соопштението на претседателот на Меџлисот не се прецизира точно кои компании ќе бидат бојкотирани. Собраниски извор изјави за Ројтерс дека пијалоците од Кока-Кола и инстант кафето Нестле засега се единствените брендови кои се отстранети од менито, пренесува БТА.

„Кабинетот на претседателот на Парламентот не остана рамнодушен на јавното незадоволство и одлучи да ги отстрани производите на овие компании од менито на кафулињата и рестораните во Собранието“, вели изворот.

Двете компании беа спомнати во објавите на социјалните мрежи од турски активисти кои повикуваат на бојкот на израелската стока и западните компании кои го поддржуваат Израел.

Турската влада силно го критикуваше израелското бомбардирање на Газа и поддршката на Западот за Израел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK