октомври 26, 2024

Во клиничкиот центар во главниот град на Хрватска, Загреб е примено младо лице поради сомнение за хемиско труење од газирани пијалоци. Засега не е позната здравствената состојба на лицето.

Од полициската управа во Загреб потврдија дека околу 15 часот добиле пријава од медицинска установа за пациент со повреда на грлото. Од таму информирале дека дечкото конзумирал безалкохолен пијалок. Се проверуваат детали, соопшти полицијата.

Предходно Кока-Кола Хрватска потврди дека еден случај со труење во Риека е поврзан со нивен пијалак. Објавата следела откако од вчера на социјалните мрежи се ширела порака со предупредување до граѓаните да не пијат сокови и вода од познатиот производител бидејќи предизвикуваат хемиски повреди на хранопроводникот и желудникот. Во пораката, меѓу другото, се наведува дека наводно неколку лица биле затруени од минерална вода во угостителски објекти во Риека.

„Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ 330 мл. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и се надеваме за брзо и целосно закрепнување на лицето вклучено во овој случај“, соопштија од компанијата.

 

Текстот Нов случај на труење од газиран сок во Загреб, момче итно е примено во болница е превземен од МАКФАКС.

The post Нов случај на труење од газиран сок во Загреб, момче итно е примено во болница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK