октомври 26, 2024

Џорџина Родригез секојдневно привлекува внимание со своите објави на Инстаграм каде ја следат над 50 милиони луѓе. Меѓутоа, поради честото фалење на луксузниот начин на живот и скапиот накит и други модни додатоци, таа често е на удар на јавноста.

Ова се случи и со последните фотографии на кои девојката на Кристијано Роналдо позира во јакна од Гучи, фармерки и бели чевли. Во описот таа едноставно напишала: „Среќа“.

„Те молам најди стилист“, „Ти можеш да го напуштиш селото, но селото никогаш нема да те остави тебе“, „Таа е убава жена, но допрва треба да најде свој стил“, „Таа навистина нема смисла за облека“, „Ова изгледа очајно“, се некои од илјадниците коментари под објавата на фотографиите.

Самата Џорџина во своето шоу на Нетфликс призна дека нема стилист бидејќи не ја познаваат и не знаат што сака. „Па што ако сакам да носам луксузен накит и спортски панталони. Така ми се допаѓа”, изјавила тогаш.

The post Џорџина Родригез критикувана за нејзината облека: „ Ти можеш да го напуштиш селото, но селото никогаш нема да те остави тебе“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK