октомври 26, 2024

Охридскиот рамковен договор требаше да се вика Охридска рамковна капитулација, вели во денешната епизода на Тешки муабети ко-водителот Филип Петровски коментирајќи го поставувањето на плоча со мапа на “голема Албанија” во кумановско Сопот.

– Таа капитулација од наша страна епобеда од нивна страна, сега вака ако гледаш за поразените нема ништо, тоа значи за нашите бранители, а победниците си имаат и музеи и споменици, 50 метра кула, имаат власт, претседател на Парламент, министер за финансии, се под нивна контрола… Фактите говорат дека победничката контрола од 2001 е на власт, а тие што изгубија се самоубиваат, умираат во сиромаштија и не се на власт. Јас знам дека тоа звучи грубо, ама тоа е вистина, само наративот е така скован да се чувствуваме малку помалку поразени, тоа е договор, не капитулација, вели Петровски.

– Териториите кои тие си ги одбележаа по 2001 година, по победата, тие си ја владеат. Формално не е поделена државата, но на терен имаме две држави на една територија, додава Петровски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK