октомври 26, 2024

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, порача дека Израел ќе размисли за „мали, тактички паузи“ во борбите во Појасот Газа, со цел да се олесни влезот на хуманитарна помош или да се дозволи транспорт на заложниците ослободени од екстремистите на Хамас.

АВТОГОЛ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО – Судија со секс-скандал стана претседател на најголемиот суд во државата на само неколку часа пред објавување на извештајот од ЕУ
НЕТАНЈАХУ:Армија размислува за нова тактика во борбата за Појасот Газа
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЛЕВАНДОВСКИ?Барселона веќе има замена за искусниот Полјак!?
Кој е најубавиот град во Македонија ?
СИНОТ НА ЗЛАТА ПЕТРОВИЌ УРЛАШЕ НА СВОЈАТА МАЈКА: Скандалот помеѓу нив двајца го фатија папараците, „уф каква шлаканица би му мавнала да е мое дете“

Сепак, премиерот на Израел повтори дека одбива да го прекине огнот без да бидат ослободени сите заложници заробени од членовите на Хамас, пренесува медиумската агенција Reuters.

Во интервју за американската телевизија ABC News, Бенјамин Нетанјаху вели дека по војната, Израел треба да има целосни безбедносни овластувања во Појасот Газа на неодредено време.

„Видовме што се случува кога ја немаме таа безбедносна одговорност“, нагласил Бенјамин Нетанјаху за ABC News.

Израел и Хамас го отфрлаат зголемениот притисок од меѓународната заедница за воспоставување прекин на огнот – Израел бара Хамас прво да ги ослободи сите заложници, додека Хамас возвраќа дека нема да ги ослободи заложниците се додека Појасот Газа е под израелски напад.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK