октомври 26, 2024

Донекаде е вообичаено мажот да е постар од жената во емотивна врска, но сè почесто сме сведоци дека тоа не мора да биде така. Сè почесто мажите, особено помладите, влегуваат во врски со жени кои се неколку години постари од нив.

Сергеј Шојгу: “Русија и Кина не создаваат воен блок, односите се засновани на доверба“
Филип Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да се вика охридска рамковна капитулација – Да не се лажеме, има две држави на една територија!
Резил од премиерот: Бектеши зборува за поскапувањето, зад него Ковачевски се смее
Најмоќната жена на светот носи ист капут веќе 7 години! Иако не е во мода, никој не смее да го коментира
ФОТО (18+) | “ОВА Е ЗАБРАНЕТО!“ – Убавицата на познатиот поранешен фудбалер на Барселона буквално го запали Инстаграм – обожавателите без зборови
Мажите признаа: Ова се причините зошто сакаат постари жени
Момче (15) избодено пред училиште: Уапсени двајца тинејџери
ФОТО | Славјанка Петровска на средба со помошникот ген-сек. на НАТО во Скопје: “Северна Македонија е активен и посветен сојузник што придонесува  кон колективната и регионалната безбедност“
Финците се најсреќните луѓе на светот: Ова го постигнаа затоа што никогаш не ги прават овие 3 работи

Зошто се промени, зошто се случуваат овие работи? Беше направено истражување, мажите беа прашани за тоа и еве што рекоа, пренесува „Think a loud”.

Знаат што сакаат во животот
– Постарите жени поминале многу во животот и точно знаат што сакаат. Тие имаат пробано сè и како резултат на тоа, сега знаат што сакаат во животот. Не очекувам мојата сегашна партнерка (Ејми, 49) ненадејно да ми се јави и да ми каже дека се сели на другиот крај на светот затоа што нашла работа што би можела да и’ се допадне. Ова време помина за постарите жени. Тие се многу сигурни во тоа што им се допаѓа и не ги менуваат своите одлуки и вкусови. А што е најважно, немаат потреба да менуваат партнери – рекол Кенет (32).Тие се искусни
– Постарите жени се полни со искуство во секој аспект од животот, од емотивни односи до работа. Имаат многу да ве научат, па затоа е многу полесно да поминете низ животот држејќи ги за рака. Нивното присуство може само да ни користи затоа што се помудри од помладите девојки. Знаат дека здравите врски се за комуникација и компромиси – и тоа ви го даваат – вели Луис (27).Не им треба постојано внимание
– Постарите жени не се бебиња кои плачат затоа што им треба постојано внимание. Тие имаат свој живот и не очекуваат да им се јавите среде напорен ден. На крајот на краиштата, не им треба да објаснувате зошто не сте одговориле на порака во рок од еден час, како што тоа обично го прават помладите жени. Поентата е во тоа што тие водат живот каде што ја знаат својата вредност и не се грижат премногу за тоа дека сте постојано наоколу. Тоа е главната причина поради која се заљубив во Кирстен (47) – вели Мат (25).
AdvertisementТие се самоуверени и независни
– Никогаш нема да ги слушнете како се понижуваат и зборуваат негативно за себе. Според моето искуство, кога ќе забележат некоја мана, почнуваат да работат за да ја поправат и тоа е она што најмногу ми се допаѓа кај нив. Тие се многу независни и не им требате вие ​​за да им го градите животот. Тие веќе знаат како да се грижат за себе. Ова се некои од главните причини зошто постарите жени ми се толку привлечни, особено мојата Руби (48) – вели Дарнел (26).

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK