октомври 26, 2024

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош.

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела.

9 деца заразени со салмонела, затворени кујните во четири основни училишта во Карпош
Нови случаи на труење со газиран пијалок во Хрватска: Кока-кола ги повлекува производите
Затворени кујните во четири основни училишта во општина Карпош, девет деца се заразени со салмонела
Јовески: Обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако постојат закони со кои не го делат мислењето
„Долги години по независноста, безбедносните служби беа третирани како инструмент за контрола на политичките противници“
Сергеј Шојгу: “Русија и Кина не создаваат воен блок, односите се засновани на доверба“
Филип Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да се вика охридска рамковна капитулација – Да не се лажеме, има две држави на една територија!
Резил од премиерот: Бектеши зборува за поскапувањето, зад него Ковачевски се смее
Најмоќната жена на светот носи ист капут веќе 7 години! Иако не е во мода, никој не смее да го коментира

-Во ООУ “Војдан Чернодрински” од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ “Јан Амос Коменски” од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ “Владо Тасевски” има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.

– Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.

Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK