октомври 26, 2024

Музејот во Сопот не е музеј на УЧК, туку е музеј којшто одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот, изјави денеска министерот за надворшени работи Бујар Османи прашан дали станува збор за дивоградба и дали овој музеј се наоѓа на државно земјиште како што објави Општина Куманово.

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе ги спроведам моите надлежности и ќе распишам избори
Новата словачка Влада одби да го одобри пакетот воена помош за Украина
Бујар има розови наочари: Не било музеј на УЧК, било…
Николоски бил на тајна средба во Мала Речица да нуди коалиција, се подготувало членството по општински за уставни измени по избори – Еве зошто Мицкоски се плаши од Груевски
Нови цени на бензините од утре!
9 деца заразени со салмонела, затворени кујните во четири основни училишта во Карпош
Нови случаи на труење со газиран пијалок во Хрватска: Кока-кола ги повлекува производите
Затворени кујните во четири основни училишта во општина Карпош, девет деца се заразени со салмонела
Јовески: Обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако постојат закони со кои не го делат мислењето

– Прво не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј којшто одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот, а господинот Ахмети беше таму како поканет гостин, така што сите прашања треба да ги упатите до организаторите. Како што велат тие, станува збор за семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните, но ние немаме никаков удел во тоа, таму бевме поканети – се правдаше денеска Османи.

Но, новинарите не му останаа должни и го прашаа: Зошто тогаш целиот музеј е со иконографија на УЧК?

– Тоа е музеј којшто одбележува убиство на 60-тина селани на Сопот во 1944 меѓутоа беше погрешно претставен како музеј на УЧК – повтори Османи.

Впечатливо е тоа што во музејот доминира иконографија на УЧК, а не на убиените жители од Сопот. Централно место во музејот зазема кадар на Али Ахмети во униформа на УЧК, како и постери од Адем и Исмет Јашари и знамиња со амблемот на УЧК.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека според негови информации музејот на УЧК е изграден на приватно земјиште.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, пак, по вонредниот инспекциски надзор изјави дека музејот е подигнат на државно земјоделско земјиште и најави кривична одговорност и уривање на објектот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK