октомври 26, 2024

Ако ЕУ сака да ја покаже својата солидарност со земјите од Западен Балкан ќе мора на дело да преземе пет конкретни чекори, вклучително и одржување на вторите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година, наведе австриската министерка за ЕУ и Устав, Каролина Едштадлер.

Украинската разузнавачка агенција ја презеде одговорноста за убиството Филипоненко, руски командант во Луганск
Овој град е најпосетуван на југот на Италија: Има повеќе туристи отколку локални жители
РУСКИ СУХОИ ЈА УНИШТУВААТ УКРАИНСКАТА ВОЗДУШНА флота: За десет дена соборија 17 ловци МиГ-29 (ВИДЕО)
Лавров: САД сè уште купуваат „ураниум и други материјали“ од Русија
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски
Aвстриската министерка за ЕУ: ЕУ да ги одржи вторите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија ако сака да покаже солидарност со Западен Балкан
Есен и расположението: Експертите советуваат што да правиме за да не го изгубиме духот
Австралијка свирела флејта со вагината во францускиот „Суперталент“, малолетниците замолени да излезат
Мечки четири години тероризираат исто семејство: Доаѓаат ноќе, ја оштетуваат куќата, а луѓето се очајни и лути (видео)

Останатите чекори, според австриската министерка, што треба да ги направи ЕУ за да „го преземе водството на Западниот Балкан“, вклучуваат поставување конкретни целни датуми за зачленување на секоја од шесте земји од регионот, по изборот на новиот состав на Европската комисија следната есен.

– Ниту еден од овие чекори нема да ги поштеди овие земји од исполнување на сите критериуми за пристапување пред идното членство во ЕУ.

Меѓутоа, во оваа фаза, време е ЕУ да преземе водство и да обезбеди вистински доказ дека продолжува да биде сериозни во однос на европската перспективата на регионот, оценува Едштадлер.

Во објавата на платформата Икс, таа наведува и дека ЕУ мора да ги започне пристапните преговори со Босна и Херцеговина до крајот на годинава, како и да оствари конкретен напредок во преговорите со Црна Гора пред одржувањето на изборите за Европскиот парламент.

Во однос на Србија и Косово, како што јави дописникот на МИА од Брисел, таа предлага остварување напредок во пристапните преговори со Белград, како и разгледување на апликацијата за членство на Приштина.

Едштадлер посочува дека е во однос на Белград и Приштина важно е да се работи на идна нормализација на нивните односи, а ако ЕУ сака да го задржи водството сите нејзини членки ќе мора да ја признаат независноста на Косово.

Според неа, додека се разговара за иднината на ЕУ, не треба да има одлагање на пристапниот процес за земјите од Западниот Балкан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK