октомври 26, 2024

Борис Новковиќ го одржал долгоочекуваниот концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб, каде што ги подгреал шпекулациите за развод.

Имено, многумина забележале дека Борис настапува без бурма, а 25 години помладата сопруга Ирис Волф веќе одреден период не ја следи на социјалните мрежи, како ни таа него.

Исто така, нивните соседи на загрепскиот „Максимир“ на почетокот на годинава потврдиле дека долго време не ги виделе заедно и дека на вратата од нивниот стан веќе не стоело името Новковиќ, туку само Волф. Никој од нив досега не ги коментирал тие гласини.

Борис и Ирис се венчале во тајност во 2019 година и заедно добиле две деца, ќерката Си и синот Нео.

Во 2020 година, парот веќе пребродиле една брачна криза, по што објавиле дека очекуваат второ дете, а синот го добиле во април 2021 година. Борис и неговата поранешна сопруга, новинарката Луција Матиќ, имаат уште две деца, синовите Ноа и Бона

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK