октомври 26, 2024

Витаминот Д е неопходен за човечкото тело бидејќи го одржува здравјето на коските, менталното здравје и помага при спиење. Затоа неговиот недостаток може да доведе до сериозни последици.Според Националниот институт за здравје, секој четврти возрасен во САД има ниски нивоа на витамин Д. Докторката Минди Лејси вели дека тоа кај пациентите кои се борат со замор и оние со проблеми со коските.

Од замор до депресија: Ова се знаците дека ви недостасува витамин Д
РЕГИСТРИРАНИ 34 СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ НА ТРУЕЊЕ ВО ХРВАТСКА: Се уште се чека најважната анализа
ЕУ претстави нов план за раст за Западен Балкан, вклучувајќи помош од 6 милијарди евра
Нотирани постигнувања, но и критички забелешки – ЕК го објави извештајот за напредокот на европскиот пат
Затворските услови остануваат нехумани, а пренатрупаноста предизвикува дополнителна загриженост, нотира ЕК
Владата на Македонија ќе купи акции вредни 15,6 милиони евра за да ги спаси Железниците од банкрот
За Дафина Стојаноска не било битно што Мицкоски се среќавал со Заев

„Недостатокот на витамин Д е се почест во последниве години“, објаснува д-р Лејси.

Таа наведува дека многу пациенти не покажуваат симптоми, но ако се чувствувате уморни, имате болки во коските или имате промени во расположението, тоа се знаци дека имате ниско ниво на овој витамин.

Сепак, ова не се единствените симптоми кои укажуваат на неговиот недостаток. Луѓето кои имаат ниски нивоа на витамин Д може да доживеат симптоми на депресија и губење на косата и апетит. Исто така, полесно се разболуваат, почесто се соочуваат со болки во мускулите и имаат бледа кожа.

Доколку имате еден од овие симптоми, најдобро би било да се консултирате со лекар, кој ќе го анализира опсегот на витамин Д во вашето тело.

Доколку се утврди дека имате прениско ниво на витамин Д, ќе мора да користите суплементи, но освен нив препорачливо е да поминувате повеќе време на отворено и да консумирате храна која е извор на витамин Д. Тука секако спаѓаат и видовите на риби како лосос, туна, пастрмка и скуша, но и жолчки од јајце и говедско месо и црн дроб од риба.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK