мај 4, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, при вршење семејно насилство, на 7 ноември го лишил од живот сопствениот татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и главата. Кога оштетениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал на подот, а осомничениот продолжил да му нанесува убоди по целото тело додека не починал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат законски основи кои укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на постапката и за обезбедување на присуството на осомничениот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK