октомври 26, 2024

Третина од партнерите кои ги изневеруваат своите избраници почнуваат тоа да го прават по само три години брак, покажало истражувањето.

Сајтот за запознавање „IllicitEncounters.com“ спровел анкета меѓу 2000 свои членови. На прашањето кога првпат помислиле да изневерат во бракот, 7% проценти одговориле дека тоа се случило во првата година од бракот. 5% залутале по 2 години, додека 33% по 3 години. 12% од нив тоа го направиле по 4 или 5 години, а 11% ги изневериле партнерите во 6-тата година од бракот.

Само 10% од испитаниците се одлучиле за неверство по 7 години брак.

Од оние кои го изневерувале партнерот, половина го обвиниле недостатокот на интимност во бракот. Една четвртина изјавиле дека раѓањето на деца го променило нивниот однос со партнерот и довел до притисок кој го нарушил брачниот однос.

16% биле согласни дека им станало здодевно и дека бараат возбуда, пишува „The Sun“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK