октомври 26, 2024

Додека градоначалникот на Бутел Дарко Костовски се фали дека асфалтира улици, и се ангажира за рамномерен развој во населените места во местото каде владее, многу улици особено во делови на Визбегово кои спаѓаат под неговата општина, се како средновековни. После дождот улиците стануваат како да се намачкани со чоколаден крем Нутела, вака го опишуваат некои граѓани кои живеат во делови на населеното место Визбегово, кои се жалат за не одговорноста на Градоначалникот Костовски за овие места и улици.

Најлоша состојба се опишуваа ка населеното место позади индустриската зона покрај железничката пруга. Состојбата е толку лоша што речиси невозможно децата да одат на училиште од калта и насобраните мали езерца.Проблематично во овој дел се и улиците кои водат до новоизграденото училиште во Визбегово. Ново школо да но улиците да се стигне до училиштето е катастрофална.Граѓаните на овие места велат дека постојано се жалат во општина Бутел но ништо не се преземе.Фото/Градска редакција„ Нонстоп бараме да се средат овие улици, бараме да се асфалтираат, особено сега кога има дожд не се поминува пешки, мора децата на школо да ги носиме со коли. Сме барале средба и со Градоначалникот Костовски но ништо, ни ветуваат ама, во пракса ништо „ вели за Градска редакција жител на ова населено место.„Катастрофа е вака не се живее, и во селата живеат по добро со подобра инфраструктура, замисли ни два километри не се ме оддалечени од центарот на градот а улиците се кал есен и зима, и голема прашина во лето, никако градоначалникот да преземе нешто„ вели друг жител на овој крај за градска редакција.

Од друга страна Костовски се фали дека асфалтира некои улички во делови на Визбегово со неколку илјада метри.

Извор: Градска.мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK