октомври 26, 2024

Двајца од вкупно 16 повредени лица во сообраќајната незгода што се случи попладнето меѓу две комбиња на регионалниот пат Велес – село Извор  препратени се на понатамошно лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност, Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

На лекување во Скопје се препратени 57 годишен возач на  комбе со повреда на главата и 55 годишен патник со повреда на лакт. 

Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош  ја напуштија  и до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили. 

Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес за МИА потврди дека се случила сообраќајка меѓу патничко и товарно комбе во 14,50 часот после крстосницата кон село Војница на угорницата кон Чашка.  Екипи на СВР Велес  извршиле  увид за причините на сообраќајната несреќа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK