октомври 27, 2024

Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија.

Како што јави агенцијата ЕФЕ, во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и одземени се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници.

Кумско – семејни врски во јавни набавки во Штип, таткото на кумашинката на градоначалникот Јорданов, добил тендер од ЈП Исар
Авион на американското воено воздухопловство се урна во Средоземното Море
Борел: Нема на повидок победа на Украина над Русија
Мускатното оревче го олеснува варењето: Еве зошто овој зачин е злато вреден
НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ХАМАС! Командантот од сенка се врати од мртвите, ја лажирал сопствената смрт со ВЕШТАЧКА КРВ во 2014 година, се криел во тунели со години
Шпанија: Уапсени 121 лице во акција против детска порнографија
Бербок во Рамала: Германија ја зголемува хуманитарната помош за палестинските територии за 38 милиони евра
НЕОЧЕКУВАН СОЈУЗНИК: Атина е против отворањето на првите поглавја на Албанија и за разделба од Македонија на патот кон ЕУ
Прва средба меѓу шефовите на државите Иран и Саудиска Арабија по 11 години

При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 мобилни телефони, шест таблети, видео камери и други електронски уреди, се наведува во соопштението од националната полиција.

Истрагата ја покренаа агенти на Централната единица за компјутерски криминал како дел од превентивната работа на кибер патролата во борбата против педофилските мрежи кои споделуваат досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца преку Интернет.

Во операцијата учествуваа 46 територијални единици специјализирани за компјутерски криминал.

Сите уапсени ја користеле истата дигитална платформа за добивање и споделување нелегална содржина, се додава во соопштението од полицијата.

Во Мадрид е уапсен маж кој поседувал два милиони досиеја со снимки од сериозно сексуално злоставување на многу млади девојки.

Многу од видеата прикажуваа висок степен на насилство врз жртвите и биле распоредени на 10 хард дискови со голем капацитет.

Во еден од претресите извршени во Аликанте, инспекторите уапсиле маж кој поседувал голем број мултимедијални датотеки со експлицитни сексуални слики на двајца малолетни мажи, снимени во домот на уапсениот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK