октомври 27, 2024

Рецептот за арапски палачинки задолжително мора да го имате затоа што таквите палачинки се совршени.

Популарните арапски палачинки се посебен специјалитет во Алжир, Мароко и Тунис. Мали се, сунѓерести и се прават од гриз или брашно.

Кога правилно ќе се подготват, имаат многу дупчиња кои го впиваат било кој сос или прелив при сервирање. Најчесто се јадат со мед и путер, но исто така може да се исечат и на коцкички и да се послужат со џем.

Состојки:

2 шолји гриз;1 шолја брашно;1 ќесичка сув квасец;¼ лажичка прашок за печиво;½ лажичка сол;½ лажичка шеќер;2 јајца;1 шолја топло млеко;2 шолји топла вода.

Подготовка:
Сите сотојки измешајте ги со миксер додека не добиете мазна смеса. Оставете го тестото да отстои половина час.

Кога на површината од тестото ќе настанат меурчиња, тестото е спремно за печење.

Загрејте ја тавата со средна величина, па со полна црпалка разлејте го тестото и оставете самoстојно да се направи обликот на палачинка. Печете една минута до две, без вртење.

Сервирајте по желба, на здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK