Претседателот на Русија, Владимир Путин, во понеделник допатува во Минск на разговори со Лукашенко и тоа е првпат по три и пол години двајцата претседатели да се сретнат во Белорусија. Средбата беше опишана како „работна посета“ и траеше повеќе од два часа. Неговиот авион слета на националниот аеродром во Минск, а рускиот претседател го пречека белорускиот претседател Александар Лукашенко.
После тоа, двајцата претседатели отидоа во палатата на Републиката во Минск, а при нивното влегување е забележана интересна ситуација. Лукашенко отиде на една страна, додека Путин на друга. Многумина протолкуваа дека Путин не го интересира каде оди претседателот на Белорусија и додадоа дека воопшто не го интересира Лукашенко и неговиот пат на движење, во стилот – „Јас одам овде, а ти оди каде сакаш“. Додека други пишуваа дека Владимир Путин отишол во тоалет и му рекол на Лукашенко дека ќе дојде штом ќе ја заврши својата „работа“.
Луѓето различно го толкуваат видеото, но најдобро е да го погледнете видеото и да процените сами:
Потоа, на заедничка прес-конференција двајцата претседатели разговараа за економските односи и трговската размена.
Да потсетиме, покрај Владимир Путин, во Минск пристигна и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој за украинската криза веќе разговараше со новиот министер за надворешни работи на Белорусија, Сергеј Алејник.
Во руската делегација беа амбасадорот во Белорусија Борис Гризлов, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, заменик-шефот на кабинетот Дмитриј Песков, вицепремиерот Андреј Оверчук, министерот за енергетика Николај Шулгинов, шефот на ФСМТЦ Дмитриј Шугаев.
Следете не, не има насекаде