октомври 27, 2024

Годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ, ќе ја чита својата поезија в среда во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во 18 часот.

За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” да презентираат препеви на неколку странски јазици.

Влада Урошевиќ е роден во Скопје, 17 октомври 1934. Тој е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година. Добитник е на голем број награди и признанија.

The post Влада Урошевиќ ќе ја чита својата поезија на настан во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK