октомври 27, 2024

Германската полиција денес околу 12 часот и 20 минути застрела маж во центарот на Гумерсбах, откако тој ги нападнал пред влезот на пекара.

Како што пренесува Bild, полицаецот испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој потоа паднал на земја.

Ковачевски: Македонија ја води премиер Македонец
Ударна вест од ИзраЕл: Нападнат е Тел Авив – има повеќе загинати
Ги снема „огнените”: Повторно полна сала на настанот на ДУИ во Чаир, присуствуваа Ахмети, Груби, Османи…
Османи го попари Мицкоски: Би ми било незгодно тој да ме фаворизира…
Дали Израел е подготвен за ваков договор? Хамас понуди да ослободи 70 заложници во замена за само една работа

Случајни минувачи го снимиле нападот со своите мобилни телефони, а на видеото се гледа дека полицајците се обиделе да го задржат напаѓачот, но тој се спротиставил и удрил еден од полицајците.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко, а истото можете да го погледнете подолу:

Полициските портпароли во Гумерсбах и Келн сега потврдија дека полицаец пукал од службеното оружје, при што ранил најмалку едно лице.

Меѓу повредените има и полицаец и лицето кое го предизвикало инцидентот.

Според информациите на Bild, напаѓачот наводно е осомничен крадец. Вработен во пекарата наводно повикал полиција, по што осомничениот ги нападнал, најверојатно со нож. Биле испукани околу четири или пет истрели.

Центарот на градот во моментов е затворен, но нема опасност за населението. Повредените се пренесени во болница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK