октомври 27, 2024

Деветгодишниот Maкедон Димитровски од Тетово, вчера освои златен медал на светскиот натпревар по математика „Математика без граници“.

„Златно дете со златен медал“, напиша неговиот татко на Фејсбук, Владимир Димитрoвски.

Македон во февруари годинава, односно во зимската сесија од „Математика без граници“, освои сребрен медал во конкуренција од 4.142 учесници од 24 земји.

Организаторите вчера ги објавија резултатите. Како што стои во нивната последна објава, во есенскиот дел учествувале повеќе од 23.000 ученици од 29 држави – Австралија, Азербејџан, Албанија, Арменија, Бугарија, Виетнам, Естонија, Индонезија, Казахстан, Канада, Киргистан, Македонија, Малезија, Малта, Мјанмар, Нигерија, Романија, САД, Словенија, Сингапур, Србия, Тајван, Туркменистан, Турција, Украина, Узбекистан, Филипини, Хонг Конг и Црна Гора.

Малиот генијалец Македон Димитровски медиумите го нарекуваат „македонското чудо од дете“. Тој поседува напредно познавање на математиката и има способност да решава математички задачи од втора година од средно образование.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK