октомври 27, 2024

Македонските поп-ѕвезди на 30 ноември ќе пеат на концерт за кој влезниците ќе бидат бесплатни. Александар Митевски, Андријана Јаневска, Арбен Шакири, Верица Пандиловска, Искра Трпева, Пис брадерс, Маја Гроздановска-Панчева, Ребека Јанковска, Ристо Самарџиев, Кристина Арнаудова… се дел од ѕвездите што ќе бидат дел од настанот  „99 мегаѕвезди“. Водители на настанот ќе бидат Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски.

Концертот ќе се одржи во салата Јане Сандански, а за бесплатни билети посетителите ќе треба да се регистрираат. Правилата за регистрација ќе бидат објавени викендов.

За оние кои нема да успеат да резервираат влезници, пред салата ќе бидат поставени ЛЕД-екрани и шатори и ќе се служи бесплатен чај.

Најголем поддржувач на настанот „99 мегаѕвезди“ е Државната лотарија од каде најавуваат низа изненадувања во текот на вечерта.

The post Македонските поп-ѕвезди на бесплатен концерт на 30 ноември, бесплатен чај за оние што ќе останат без влезници appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK