октомври 27, 2024

Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на апликацијата во земјата бидејќи, според нив, „ги нарушува социјалната хармонија и семејните структури“.

Како што пренесува „Економист“, овој потег следува откако владата на Непал им нареди на компаниите што управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата.

Непалските власти рекоа дека „Тик-ток“ има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и дека доведоа до конфликти во реалниот живот, кои бараа распоредување на полициските сили и воведување полициски час, пишува „Њујорк тајмс“.

Bytdance, кинеската матична компанија на „Тик-ток“, не го коментира случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“.

„Тик-ток“ е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата исто така предизвика загриженост во САД, ЕУ и Канада за наводно споделување чувствителни податоци на корисници со кинеската влада.

Текстот Непал го забрани „Тик-ток“: властите тврдат дека апликацијата им штети на социјалните односи и семејството е превземен од МАКФАКС.

The post Непал го забрани „Тик-ток“: властите тврдат дека апликацијата им штети на социјалните односи и семејството appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK