октомври 27, 2024

На граничниот премин Богородица вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј.(45) од Струмица, затоа што кај него е пронајдена марихуана.
Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK